ИНСЕКТИ

ИНСЕКТИ (Инсецта) – класа без’рбетни животни од типот членконоги (Артхропода) што е најбројна и најуспешна група организми на планетата Земја. За разлика од Инсекти: 1. мува, 2. мрежокрилец; 3. пеперутка, 4. комарец, 5. скакулец, 6. оса, 7. вошка, 8. богомолка; 9. мравка; 10. полски попец; 11. светулка; 12. песочна бубачка ви. ИО бил формиран за да го подготви свикувањето на Анти-фашистичкото собрание, а завршил и повеќе други значајни дејности што дотогаш ги вршеле Гш или ЦК на КПМ. Во тоа својство, извесно време имал улога на највисоко политичко-претставничко тело, највисок орган на власта. Подготвил Упатство за организирање на народните одбори, Упатство за начинот на избирање на делегатите за АСНОМ и нивно префрлање на слободната територија, ги одобрил решенијата донесени од Гш до основањето на ИО, дал инструкции за платформата на македонската делегација за разговор со Јосип Броз Тито и со југословенското раководство за позициите на Македонија и за решавањето на македонското национално прашање, одржан во јуни 1944 на островот Вис; ги подготвил повеќето документи поднесени и усвоени од делегатите на Првото заседание на АСНОМ. другите членконоги организми, инсектите поседуваат само три пара нозе и најчесто крилја. Името потекнува од латинскиот збор „инсецт”, што значи „расчленето” и се однесува на јасно подвоените делови што го сочинуваат телото на инсектот – глава, торакс и абдомен. Преку процесот на еволуција, кај различни групи инсекти основните делови на телото претрпеле значителни модификации. На пример, усниот апарат може да биде адаптиран за џвакање или за шмукање течности. Нозете можат да бидат модифицирани за скокање, копање, пливање, за фаќање на пленот, па дури и за слушање и испуштање на звучни сигнали. Крилјата не служат само за летање – тие можат да бидат цврсти и да имаат заштитна улога. Инсектите биле првите организми што почнале да летаат. Појавата на крилја датира уште од геолошкиот период, карбон (пред 350–290 милиони години), но овие први летачи не поседувале можност да ги склопуваат крилјата крај телото кон назад. Денес само вилинските коњчиња поседуваат крилја од таков тип. Инсектите се поделени на две поткласи: бескрилни инсекти (Аптеригота) и инсекти со крилја (Птеригота). Бескрилните инсекти се мала група организми, кои претставуваат реликтни остатоци од најстарите примитивни праинсекти, со ограничен број видови. Од бескрилните инсекти кај нас се регистрирани 18 вида. Кај инсектите со крилја постембрионалниот развој се одликува со нецелосна или целосна метаморфоза што ги опфаќа стадиумите ларва, кукла и имаго. Првите инсекти со крилја се одликувале со нецелосна метаморфоза. Стадиумот кукла се појавил во геолошкиот период перм (пред 290–245 милиони години), како резултат на климатските промени (стадиумот кукла им овозможува на инсектите да го преживеат студениот период). Успехот на стадиумот кукла кај инсектите може јасно да се протолкува од денешна перспектива, кога 85% од сите видови инсекти се развиваат на овој начин и припаѓаат кон четирите големи успешни редови: тврдокрилци (Цолеоптера), двокрилци (Диптера), ципокрилци (Хѕменоптера) и пеперутки (Лепидоптера). Во Македонија, од инсектите со крилја е регистрирано присуство на 6.162 вида. ЛИТ.: Ц. Г. МцГавин, Спидерс анд отхер террестриал Артхроподс, Лондон, 2000; П. А. Меглитсцх, Инвертебрате Зоологѕ, Оџфорд, 1972. Св. П. – В. Сид.