ИЗМИРЛИЕВ, Тома Димитров (псевд.: Фома Фомич, ЛÓбичек, Гарабед Бедниј, Голголенко, Драка, Звонарчик, Момче Македонче, Борис Подрумов и др.) (Кукуш, 9. IX 1895 – Софија, 22. XI 1935) – поет и писател-хуморист, постар брат на Христо Смирненски. Татко му бил соработник на Гоце Делчев и член на МК на ТМОРО во Кукуш. Основно училиште завршил во Кукуш, а потоа посетувал гимназија во Битола. војна семејството се преселило во Софија (1913), каде што извесно време го посетувал Военото училиште. Добил стипендија за да го доврши гимназиското образование во Цариград (1914), а веднаш потоа продолжил на студии по медицина. Неговиот вујко Владимир Попанастасов веќе го имал насочено кон книжевна дејност (1913). Самиот тој, пак, извршил соодветно влијание врз помалиот брат Христо Смирненски. Поради избувнувањето на Првата светска војна се вратил во Софија, кога бил мобилизиран и испратен на фронтот. По демобилизирањето (1918) работел како чиновник и се занимавал со книжевна дејност. Станал член на БКП (1921), бил член на Военотехничката комисија на ЦК на БКП и по партиски задачи патувал во СССР, Турција и Австрија. Поради преследувањето од властите, се преселил во Хасково (по април 1925). Подоцна се вработил во Софиската обласна финансиска палата (1932). Бил соработник на сп. „Барабан” (1914&1921), „Българан” (1916& 1924) и „Червен смях” (1919-1923), в. „К’во да е” (1913) „Народна армия” (1920&1923), „…урец” (1932& 1935), „Утринна поÈа” и др. Бил редактор на сп. „Маскарад” (1922), а по препорака на БКП, заедно со Кр. ќулавков, го покренале хумористичното сп. „Звънар” (1924). Автор е на повеќе книги хумористични творби, песни, раскази и фељтони. Заедно со Тодор Боров, објавил три тома собрани дела на брата си Христо Смирненски. БИБ.: Премреждия, София, 1930; Смя и злъч, София, 1931; Хумор и сатира, София, 1938; Хумор и сатира, кн. И, София 1946; Раскази и фејлетони, София, 1947; Избрани стихотворения, раскази и фејлетони. Състав. и ред. А. Тодоров и В. Измирлиев, София, 1955; Краен елемент. Състав. и ред. А. Тодоров и В. Измирлиев, София, 1975. ЛИТ.: Вл. Петров, Фома Фомич, „Лик”, бр. 12, София, 4. Ⅻ 1935; Тома Измирлиев, „Възпоменателен лист”, София, ноемИстражувачка лабораторија во ИЗИИС Во времето на Втората балканска ври 1947; Г. Караславов, Тома Измирлиев – Фома Фомич, „Пламък”, № 18, София, 1968; М. Николов, Талантлив сатирикантифашист, „Литературен фронт”, № 46, София, 1955; А. Тодоров, Виден писател-хуморист, „Литературен фронт”, бр. 38, София, 17. IX 1970; истиот, œрката личност на хумориста. 80 години от рождението на Тома Измирлиев, „Работническо дело”, № 252, София, 1975. С. Мл.