ИВАНОВА-БАНЏО, Катерина

ИВАНОВА-БАНЏО, Катерина (Скопје, 27. Ⅰ 1922) – агроном. Во Скопје завршува основно образование и гимназија. Дипломира на Земјоделскиот факултет во Земун – Белград (1948). По дипломирањето, избрана за асистент по специјално земјоделство на Земјоделско-шумарскиот факултет, ИВАНОВИЌ Катерина Иванова-Банџо во Скопје. Хабилитира во 1960 г. и станува доцент по предметот Фуражно производство. Докторира на тема „Влијанието на еколошките фактори и на некои агротехнички мерки врз порастот и развитокот на еспарзетата (Онобрѕцхис сатива Л.) во Скопската Котлина” (1967). Објавува поголем број трудови (научни и стручни) од областа на фуражното производство, автор е на привремен учебник во истата област и на шест новосоздадени сорти фуражни култури. Се усовршува во: Хрватска, Германија, Италија, Франција, Бугарија. Членува во повеќе комисии, органи и тела. Била директор на Биолошко-биотехничкиот центар и проректор на Универзететот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје. П. Ив. Радомир Ивановиќ