ЗДРАВКОВСКА, Смилка Пенкова

ЗДРАВКОВСКА, Смилка Пенкова (Скопје, 14. Ⅰ 1947) – математичар, уредник во списанието „Матхематицал Ревиењс”, САД (1980). Дипломирала во Москва (1969), а докторирала на Универзитетот во Манчестер (1973) со темата „Тополошки објекти во теоријата на хомотопијата”. Избрана за вонреден професор (1978) на Математичкиот факултет. Објавила научни трудови од областа на топологијата, теоријата на категориите и историјата на математиката. Заслужна за развојот на топологијата во Република Македонија. ЛИТ.: ПМФ 1946–2006, монографија, Скопје, 2006; БУ бр. 299/’78. Н. Ц. Драгиша Здравковски