ЗБЕГОВИ ВО НОВ

ЗБЕГОВИ ВО НОВ (1941–1944 г.) – засолништа на населението во Западна Македонија од теророт на албанските квислинзи, балистите и од качаците. Збегови имало во Кичевско кон крајот на 1943 г., на планината Караорман, во Копачка и кај Бржданска Река, на планината Голак, во реонот на с. Мало и Големо Црско, Цер и други места. ЛИТ.: Миле Михајлов, Военозаднинските органи во Народноослободителната војна на Македонија (1941 – 1945), Скопје, 1992. М. Мих.