ЗАФИРОВСКА, Катица Глигорова

ЗАФИРОВСКА, Катица Глигорова (ПробиШтип, 22. Ⅻ 1946) – спец. интернист-нефролог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Била директор на Клиниката за нефрологија, претседател на Македонската асоцијација за хипертензија, активен член во повеќе органи на МЛД и на Лекарската комора. Особени заслуги има за формирањето на Кабинетот за хипертензија и неколку други оддели на Клиниката за нефрологија, како и за изработката на „Евиденце басед медицине”. Автор на бројни стручни и научни трудови. Бр. Н.