ЖЕНСКИ УЧИЛИШТА

ЖЕНСКИ УЧИЛИШТА -. училишни установи за одвоено воспитание и образование на женските деца. Долго време образованието на женските деца било запоставено и се одвивало одвоено од образованието на машките, како последица на сфаќањето за подредената улогата на жената во општеството и во семејството и на моралот. Првите женски училишта во Македонија се отворени околу средината на ⅩⅠⅩ век: Велес (1858), Штип (1861) и Прилеп (1865), подоцна и во други градови. Во седумдесетите години веќе работеле околу триесетина вакви училишта. Тие биле училишта за елементарно основно образование. За прво женско средно училиште, пак, се смета солунската женска гимназија, отворена во 1885/86 г. Вакви училишта, малку подоцна, се отворени и во Скопје и во Битола. Одвоеното образование меѓу машките и женските деца се задржува извесно време и по Ослободувањето. Денес сите образовни установи во Република Македонијасе еднакво достапни и за машките и за женските деца. ЛИТ.: Р. Кантарџиев, Историја на образованието и просветата во Македонија, Скопје, 2002. К. Камб.