ДУТОВ, Борис

ДУТОВ, Борис (околу 1880) – архитект, руски емигрант. Проектирал и изградил поголем број објекти во Скопје, најголемиот дел од кои не постојат. Во проектирањето се придржува според академските правила со извесна слобода во декоративните апликации. Позначајни објекти: станбениот објект на фамилијата Икономови (ул. „Македонија” бр. 51) во Скопје (1922); станбен објект на Армагањан во Скопје (1930); вила „Тина” во Гевгелија (1929). ЛИТ.: К. Грчев, Архитект Борис Дутов (1880), во: Архитектурата на почвата на Македонија од средината на ⅩⅠⅩ век, Прилози за проучување на историјата на културата на почвата на Македонија, 14, Скопје, 2006, 79–84. Кр. Т.