ДУДУК

ДУДУК -. музички народен дувачки инструмент од типот надолни блок флејти. Се среќава во две димензии – како помал (дудуче, сворче) од 240 до 400 мм и поголем (понекогаш е наречен кавал) од 700 до 780 мм. Најчесто се изработува од јасеново или јаворово дрво. На горниот дел има посебен засвирач, а по должината на цевката има шест мелодиски дупки за свирење. Најчесто се употребува како придружник на народните ора (особено дудучето, кое има продорен тон). ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 78. Ѓ. М. Ѓ.