ДОЖДОСВИРЦИ

ДОЖДОСВИРЦИ (Цхарадриидае) – фамилија на мали, до средно големи водни птици од редот бекасиновидни птици (Цхарадриформес), карактеристични за плавни подрачја и влажни ливади. Во Македонија се среќаваат 3 видови: речен дождосвирец (Цхарадриус дубиус), златоперест дождосвирец (Плувиалис априцариа) и калуѓерка (Ванеллус ванеллус). ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „БирдЛифе Интернатионал Цонсерватион Сериес”, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф тхе Бирдс оф тхе Њестерн Палаеарцтиц, Гласгоњ, 1982. Св. П. – В. Сид.