ДОБРЕВО

ДОБРЕВО – рудник на оловноцинкова руда, кој се наоѓа во источните делови на Кратовско-злетовскиот вулканоген комплекс, на 7 км оддалеченост од ПробиШтип. Во геолошката градба на наоѓалиштето учествуваат, главно, вулкански карпи претставени со различни типови на андезити, дацити, игнимбрити, дацито-андезити, вулкански туфови и др. Оловно-цинковата минерализација во наоѓалиштето е контролирана, најчесто, од раседните структури. Според генетските услови на настанок, жиченото оловно-цинково наоѓалиште Добрево е формирано во субвулкански услови, во рамките на хидротермалниот стадиум на формирање. Содржината на главните метали во просек е: 9% Пб, 3% Зн, 45 г/т Аг и зголемени содржини на Цд, Би, Ау, Ас, Ин, Га, Ге и др. Главни рудни минерали и носители на оловото и цинкот се галенитот и сфалеритот, редовно следени од халкопирит, тетраедрит, тенантит, пирит, борнит, енаргит и др. ЛИТ.: Тодор Серафимовски, Металогенија на зоната Леце–Халкидики. Докторска дисертација. РГФ, Штип, 1990. Т. Сер. Добрејшево евангелие