ДИМИТРОВСКА КАЛОЃЕРА, Љупка

ДИМИТРОВСКА КАЛОЃЕРА, Љупка (Скопје, 25. Ⅶ 1946) – интерпретаторка на популарни песни. Својата кариера ја започна во Скопје, каде што направи низа снимки (1967–1971) со Ревискиот оркестар на МРТ, главно аранжирани од Драган Ѓаконовски–шпато. Од 1968 г. престојува во Загреб, од каде што ја гради својата меѓународна кариера. Склучува ексклузивни договори со тогашниот Југотон и со Радио Луксембург. Има голем број настапи на европските телевизиски станици (80, само на Германската телевизија). Остварува златни тиражи на неколку свои дискографски изданија („ќе се налути мојата мајка” – 300.000; „Чао” – 470.000 итн.). Учесник е и на фестивалот Макфест 1990 (со песната „Ѕвона ѕвонат”). М. Кол.