ДЕТЕЛИНИ

ДЕТЕЛИНИ – сите видови од фамилијата Фабацеае, освен луцерката. Статистиката во нашата Република ги води како детелини, што е погрешно. Детелини се само видовите од родот Трифолиум. Во Република Македонијасе одгледуваат на околу 2.000 ха, со просечен принос од околу 3.000 кг/ха сено. Позначајни видови од повеќегодишните се: црвена детелина (Трифолиум претенсе Л.); бе-ла детелина (Трифолиум репенс Л.); планинска детелина (Трифолиум Јагодеста детелина монтанум Л.); јагодеста детелина (Трифолиум фрагиферум Л.); и др., а од едногодишните: персиска детелина (Трифолиум ресупинатум Л.); жолта детелина (Трифолиум патенс Л.); подземна детелина (Трифолиум субтеранеум Л.) и многу други. Значајни се и за пчеларството (медоносни). П. Ив.