ГРОПА, Андреја

ГРОПА, Андреја (ⅩⅣ в.) – благородник, жупан, господар на Ох-рид (втора половина на ⅩⅣ в.), од албанско или од влашко потекло. Неговото издигнување започнало уште во времето на кралот Вол-кашин, а особено дошло до израз Монета на Андреја Гропа (1371&1380) по Маричката битка (1371). Се спомнува во ктиторскиот натпис во црквата „Мал Св. Климент“ (Ⅶ 1378) како господар на Охрид со титулата велик жупан. По Маричката битка ја признал врховната власт на наследникот на Волкашин, кралот Марко. Бил оженет со Кирана, ќерката на Андреја Музаки. Судирот на кралот Марко со Андреја Музаки околу Костур го искористил за да ја отфрли неговата врховна власт и целосно да се осамостои. Застанал на страната на својот дедо и му помогнал при освојувањето на градот. Ковел свои монети во охридската ковница, што ја докажува неговата голема економска и политичка моќ. Не е познато до кога владеел во Охрид. ЛИТ.: Ј. Иванов, Български старини изъ Македония, София, 1908, 39 № 10, 42 № 17. К. Аџ.