ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА АРХИТЕКТОНСКО-ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ

„ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА АРХИТЕКТОНСКО-ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ” – како посебно издание се појавува по издвојувањето од Техничкиот факултет, како книга осма во 1968 г. и продолжува до 1976 г. со кн. 9 и кн. 10-11 како продолжение на „Годишниот зборник на Техничкиот факултет”. По осамостојувањето на Архитектонскиот факултет продолжува како „Зборник на Архитектонскиот факултет” со нова нумерација. Првиот број е отпечатен во 1977 г., а последниот број 9-10 во 1986/87 г. Во Зборникот се објавувани стручни и научни трудови на наставниците и соработниците на Факултетот од областа на архитектурата, урбанизмот, градителското наследство, архитектонските конструкции, нацртната геометрија итн. Текстовите се илустрирани со графички прилози и со фотографии. Кр. Т.