ГЛАВИНКА

ГЛАВИНКА – покривка за на глава составена од „главче“, среден дел и „главинка“. Главчето и средниот дел се направени од црвено платно – богасија, а поставени се со бело платно. Главинката околу е украсена со жолти бикмиња, во вид на спирали и жолти срмени ширити. Средината е богато извезена со жолта срма, во вид на гранчиња и спирали. Се носела кога жената престанувала да го носи сокајот. С. Г.