ГЕОРГИЕВСКИ, Никола Сотиров (Скопје, 15. Ⅻ 1922 – Торонто, 3. Ⅱ 2000) – епидемиолог, спец. по хигиена и социјална медицина, проф. на Мед. ф. во Скопје. Во 1941 г. се запишал на Мед. ф. во Софија, а во 1943 го прекинал студирањето поради учество во НОБ (1944-1945). Дипломирал на Мед. ф. во Загреб (1949), каде што завршил и специјализација по хигиена (1954). Престојувал во Париз на постдипломски курс по хигиена на трудот (1952/53). Бил избран за асистент (1951), универзитетски предавач (1956) и доцент (1961). Бил шеф на Катедрата по хигиена и социјална медицина при Мед. ф. во Скопје (1952-1965), министер за народно здравје на Македонија (1962-1965), заменик на сојузниот министер за здравство (1965-1966) и сојузен министер за здравство и социјална политика (1967-1972) и претседател на Црвениот крст на Југославија (1972-1976), а на таа функција му била доделена и наградата АВНОЈ (1975). Како експерт на СЗО во 1977 г. заминал во Ханој за шеф на Мисијата на СЗО во Индокина, а потоа продолжил да работи во Манила, во Регионалното биро на СЗО за Западен Пацифик (1982). Потоа бил именуван за потпретседател на Сојузниот комитет за труд, здравство и социјална политика и воедно ја вршел и функцијата директор на Сојузниот санитарен инспекторат до пензионирањето (1988). Од 1990 г. живеел и работел во Торонто, Канада, каде што основал хуманитарна организација „Канадски пријатели на деца со загрозено здравје”. БИБ.: Значај добрих климатских услова при раду, Београд, 1956; Здравство у општонародној одбрани, Билтен „Војно-санитетски преглед”, 12, Београд, 1971, 627-651; Тхе њорк оф ЊХО ин тхе њестерн Пацифиц регион 1979-1981. Биенниал репорт оф тхе регионал дирецтор, Манила-Пхилипинес, 1981. Д. Д. Петре Георгиевски