ГЕГА, Џеват

ГЕГА, Џеват (Џхеват Гега) (Струга, 30. Ⅴ 1934) – филолог и книжевен историчар, унив. професор во пензија. Основно училиште завршил во родното село, учителска школа во Скопје и во Тетово (1951), а потоа дипломирал на Филозофскиот факултет (Група за албански јазик и книжевност) во Белград (1957). Работел како учител во с. Кишава, Битолско и во с. Велешта, Струшко, а како професор по албански јазик и книжевност во Учителската школа „Зеф Љуш Марку” во Скопје. Една година бил ангажиран и како професор на Педагошката академија во Скопје, а потоа бил избран за редовен професор на Педагошката академија „Климент Охридски” во Скопје (1969-1974). Подоцна, првин како надворешен соработник, бил предавач на Филолошкиот факултет во Скопје (по историја на албанската книжевност и методика на наставата по албански јазик и книжевност), а потоа и во редовен работен однос како предавач, виш предавач, вонреден и редовен професор. Еден мандат бил заменик-директор на Педагошката академија „Климент Охридски”, продекан на Филолошкиот факултет во Скопје (1979-1981), претседател на Советот и на Извршниот одбор и шеф на Катедрата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје на тема „Книжевноста на албанската националност во Р Македонија (1945-1985)” (1992). Повеќе години бил уредник на Културната рубрика и главен и одговорен уредник на в. „Флака е Вëллазëримит” (1974-1978), член на Издавачкиот колегиум и на советите на сп. „Јехона”, „Албанолошки истражувања”, „Спектар”, „Млад борец” и др. Објавил голем број прилози за старата и новата албанска книжевност, за допирите на албанската и македонската книжевност и посебно за книжевното творештво во Република Македонија на албански јазик. Се пројавил и како учебникар на албански јазик. Превел од македонски и од српски на албански јазик поголем број учебници, поезија, проза и драми. БИБ.: Абетаре, зхвиллими паралел и схкронјаве тÒ схтѕпит е тÒ дорÒс, Схкуп, 1976; Абетаре, зхвиллими паралел и схкронјаве тÒ схтѕпит е тÒ дорÒс, Схкуп, 1979; Гјуха схгипе пÒркл. Ⅳ филлоре, Схкуп, 1979 (со коавтори); Граматика е гјухÒс схгипе пÒркл. ВтÒ схколлÒс филлоре, Схкуп, 1979 (со коавтори); ЛетÒрисиа – ме схембуј – пÒркл. ИтÒ схколлаве тÒ месме, Схкуп, 1989 (со коавтор); Абетаре, зхвиллими вецмас и схкронјаве тÒ схтѕпит е тÒ дорÒс, Схкуп, 1991. С. Мл.