ГАЈТАНИ, Адем

ГАЈТАНИ, Адем (Адем Гајтани) (Абдурамани, Адем) (Подуево, Косово, Југославија, 21. Ⅷ 1935 – Скопје, 19. Ⅲ 1982) – поет и преведувач. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1961). Со книжевна дејност се занимавал од 1955 г. Соработувал во весниците и списанијата на албански јазик („Зани и ринис” и др.), бил новинар на в. „Рилиндја” и уредник на кул-Адем Гајтани турната рубрика на в. „Флака е Вëллазëримит”. Бил член на ДПМ (од 1973). Автор е на повеќе збирки поезија на албански јазик. Преведувал од албански на македонски (И. Кадаре, Р. Кукај и др.) и од македонски и српско-хрватски на албански јазик. Меѓу другото, на албански ги превел: „Пустина” од Ѓ. Абаџиев, „Пасквелија” од Ж. Чинго, „Години несоница” од Т. Момировски и книги со избор од поезијата на М. Матевски. Добитник е на наградата на Струшките вечери на поезијата „Браќа Миладиновци” (1982, посмртно) за стихозбирката „Лебедова песна”. БИБ.: Светлина на срцето (1961); Морска школка (1966); Ниту птица, ниту дрво (1973); Ⅴ сон песна (1975); Од цвет до цвет (1975); Едно трето време (1977), Морска ѕвезда (1979); Песни (1980); Лебедова песна (1982). Преводи и препеви: Стихови и раскази од писатели на албанската народност во Македонија (Скопје, 1973, со Александар Поповски); Ти песно, ти далечна песно (Скопје, 1973, со Гане Тодоровски).С. Мл. Галеб