ВТОРИ ГЕВГЕЛИСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

ВТОРИ ГЕВГЕЛИСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД (Гевгелиско, 18. Ⅴ 1944 – Гевгелија, 21. XI 1944) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Бил формирал од постојната диверзантска група (средината на април 1944), ново-Александар Ⅲ, монета, аверс/реверс суверена македонска национална ВТОРИ пристигнати борци и партизани од Гевгелиско во други единици на НОВ и ПОМ, вкупно 15 борци. Команданти на Одредот биле Митко Брзилов и Ристо Димитровски (26. Ⅶ – 12. IX 1944), потоа пак М. Брзилов, а политички комесари Алеко ќаев и Ефтим Думчев (од 15. IX 1944). Одредот дејствувал во Гевгелиско и Валандовско, минирајќи ја железничката линија Миравци-Гевгелија, борејќи се против германските и бугарските сили и контрачетниците на своето подрачје, учествувајќи во ослободувањето на населените места и во запоседнувањето на граничната линија с. Ума – с. Конско кон Грција. Бро-јот на борците постојано растел. На непријателските сили им нанеле загуби од околу 140 убиени и значителен број заробени. ЛИТ.: Алеко ќаев, Формирањето и бобениот пат на Вториот гевгелиски партизански одред, Гевгелија и Гевгелиско во НОВ (април 1943 – мај 1945), Гевгелија, 1982, 452-471. С. Мл.