ВРШНИК – неолитска населба кај с. Таринци, Штипско. Во 1958 г., во организација на Народниот музеј во Штип, а под раководство на Милутин и Драга Гарашанин, било извршено сондажно ископување при што се откриени остатоци од населба, со културен слој од околу 4 м, во кој се издвоени четири фази на обновување, исполнети со архитектонски, материјални и палеонтолошки артефакти. Би-ла формирана во раниот неолит, а нејзината еволуција се одвивала до крајот на доцниот неолит. Според нејзиниот стратиграфски и културен карактер, неолитот во Источна Македонија долго беше познат под името Вршничка културна група. Со откривањето на Анзабегово е изменето во Анза-бегово-Вршник културна група. ЛИТ.: Милутин и Драга Гарашанин, Неолитска населба „Вршник“ кај село Таринци, „ЗшНМ“, Ⅱ, 1961, 7-40. В. С.