ВРЕТЕНЦЕ, КРАЛСКО

ВРЕТЕНЦЕ, КРАЛСКО . (Анаџ император Леацх.) – крупен инсект од редот вилински коњчиња (Одоната). Живее во крајбрежјата и покрај шумските патишта. Активен е дење. Исклучително е добар и брз летач. Се храни со членконоги, кои ги лови и ги јаде во лет. Се појавува од јуни до септември. Женката полага јајца во вода. Ларвите се грабливи, се хранат со ситни риби и други водни животни. Распространет е во Европа со најсеверна граница на простирање во северна Англија и во Пол-ска. Во Македонија се среќава поретко. ЛИТ.: Гунтер Петерс, Ханс Хацкетхал, Нотизен убер дие Либеллен (Одоната) ин Мазедониен, Ацта. Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1986, 18(5): 125-158; Билјана Караман, Лес Одонатес ду Лац де Преспа (Мацедоине, Ѕугославие) И парте: Ла цомпоситион љуалитативе ет Л’аналѕсе зоогеограпхиљуе де ла Фауне, Анн. Фац. Сци. Нат., Биол., Скопје, 1987, 37-37: 97-110; Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје 1991. В. Т. К. – М. Кр.