ВИНЧИЌ, Живоин (Крагуевац, Србија, 27. Ⅹ 1930) – археолог и конзерватор. Археологија завршил на Филозофскиот факултет во Белград (1959), каде што и магистрирал (1980) и ја одбранил докторската дисертација (1992). Работи како конзерватор во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата во Скопје (1961–1995). Учествува и раководи многу заштитни истражувања и конзерваторски зафати (Стоби, Исар Марвинци, Згрополци и др.). БИБ.: Скопската тврдина „Кале“. Положба и опис, „Културно наследство“, Ⅲ, Скопје, 1966, 24–46; 1000 години антика во Тиквешијата, Неготино, 1996. Д. З. Вис – седиштето на воено-политичкото раководство на АВНОЈ