ВИНИЧКО КАЛЕ

ВИНИЧКО КАЛЕ (Виница) – утврдена населба од доцната антика и од средниот век. Се протега на рид над градот на северните падини на Плачковица. Зафаќа површина од 2,5 ха и има доминантна позиција над Кочанското Поле и долината на р. Брегалница. Можеби е некој од античките градови (Армониа или Каленидин) што лежеле на патот Стоби–Сердика (Виа а Стопис усљуе ат Сертицам). Откриен со рекогносцирања (1956 и 1978), кога се откриени керамичките икони. Од 1985 г. ископувања вршат К. Балабанов и Ц. Крстевски. Остатоци од праисторијата, антиката и од средниот век. Откриени се доцноримски профани градби, бедем со кули, средновековна црква и некропола (Ⅻ в.) со богати гробни прилози. Познати се теракотните икони–релјефи со сцени од Ста-риот и од Новиот завет: Архангел Михаил, Јошуа и Калеб, Даниел меѓу лавовите, 42. Давидов псалм, Константиновиот победнички крст, св. Кристифор и св. Ѓорѓија, Тобија и др. Калапени се со длабок релјеф и со натписи на латински јазик. Различни истражувачи ги датираат во различен временски период (ИВ–В, В– Ⅵ или Ⅵ–Ⅶ в.), а некои пак сметаат дека тие датираат од IX в. и ги врзуваат со престојот на Константин Филозоф на Брегалница. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија. Е. Димитрова, Керамичките релјефи од Виничко Кале, Скопје, 1993. Д. З. Виница – поглед од Виничкото Кале Авторизирал: Коста Балабанов „ВИНКА”