ВЕРЗИТИЈА

ВЕРЗИТИЈА – склавинија на Верзитите во Македонија, во близина на бугарската држава. Бугарскиот кан Телериг (770–777) во октомври 774 г. пратил 12.000 војници и болјари да ја освојат, а нејзините жители да ги преселат во Бугарија. Византијците биле известени за намерите на Бугарите, ја пресретнале и ја поразиле бугарската војска кај Литохорија (со непозната локација). ЛИТ.: Тхеопханис Цхронограпхиа, рец. Ц.де Боор, И, Липсиае, 1883. К. Аџ. Елена Верижникова