ВЕРГУН, Дмитриј Николаевич

ВЕРГУН, Дмитриј Николаевич (Городок, Леовска област, Украина, 18. Х 1871 – Хјустон, САД, 3. IX 1951) – руски публицист, поет и литературен историчар, близок до К. Мисирков, Д. Чуповски и Н. Димов. Доктор по филологија на Виенскиот универзитет (1899) и издавач на неословенофилското сп. „Славянский В‹къ“ во Виена (1900–1905), во кое ја афирмира културно-националната идеологија на МНЛД во С.-Петербург. Од 1907 г. редактор на Словенскиот оддел на в. „Новое время”. Професор по словенска филологија на Московскиот и на Иркутскиот универзитет (1918–1919), а по емигрирањето предава руски јазик и славистика во Прага (1922 –1945), а потоа на Хјустонскиот универзитет во САД. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, И, Ск., 1978, 198–202 и 248–250; Енциклопедия историˆ Украˆни, 1, Киˆв, 2003, 480. Бл. Р.