ВЕЛИНОВСКА, Мирка

ВЕЛИНОВСКА, Мирка (Скопје, 23. Ⅳ 1952) – новинар. Завршила Филозофски факултет – историја на уметноста, студирала ориенталистика во Белград и класичен англиски јазик во Кембриџ. Од 1980 г. во Културната редакција на МРТВ, а од наредната година во Внатрешно-политичката рубрика на „Вечер”. Во периодот 1990/98 г. се афирмирала како коментатор во неделникот „Пулс”. Еден од основачите на неделникот „Старт” (1999) и на неделниот магазин „Зум”. Независен новинар во водечкиот политички неделник „Фокус”, сега во „Нова Македонија” Соработува со Дојче веле, „Срч фор граунд” и Институтот за војна и мир во Лондон. Б. П. Ѓ.