ВЕГЕТАЦИСКИ ПОДРАЧЈА НА Република Македонија

ВЕГЕТАЦИСКИ ПОДРАЧЈА НА Република Македонија – општ поим за која било синхоролошка единица. Ј. Браунбланљует (1923) разликува 4 категории вегетациски подрачја: 1. Вегетациската регија е најкрупната синхоролошка категорија. Се карактеризира со поголем број климазонални фитоценози и ендемизам од повисок ранг (фамилии, секции и родови). Регијата се дели на провинции. 2. Провинцијата се одликува барем со една климазонална фитоценоза и ендемизам од ранг на вид и род. Таа се дели на сектори. 3. Секторот е вегетациско подрачје без свои климазонални фитоценози, но со свои ендемични видови. Тој се дели на дистрикти. 4. Дистриктот е вегетациско подрачје што нема свои фитоценози и нема свои реликтни ендемни видови. Во Македонија се застапени следниве вегетациски подрачја или регии: 1. Медитеранската регија се протега покрај Средоземното Море и по долините на реките навлегува подлабоко во копното. Во Македонија е претставена со две провинции: – Егејската провинција е тракиски сектор со зонално распространета ас. Цоцциферо-царпинетум ориенталис. Посебно може да се издвои мигдонскиот дистрикт во дојранскиот крај, каде што има значајна појава на ас. Цоцциферо-љуерцетум фраинетто и демиркапискиот дистрикт, каде што се појавуваат ас. ВЕЗЕНКОВАристолоцхио-Фагетум и ас. Царпино бетули-Буџо-Фагетум. – Јадранската провинција е црнодримски сектор. Карактеристична е ас. Сеслерио-Острѕетум царпинифолие, со видовите: Сеслериа аутумналис, Салвиа оффициналис, Молткеа петраеа, Диосцореа балцаница. Од овој сектор може да се издвои дреначкиот дистрикт со Аесцулус хѕппоцастанум и Платанус ориенталис. 2. Евросибирско–северноамериканската регија, во која припаѓаат сите дабови, букови, борови, смрчеви, како и крајречни и поплавни фитоценози. Во Македонија сите тие припаѓаат на мезиската провинција. Во оваа провинција зонално се распространети плоскачевите шуми (ас.Љуерцетум Фраинеттум церрис) и шумите на буката (Фагус моесиаца). Мезиската провинција во Република Македонија може да се расчлени на: мариовски, малешевско-осоговски, стримонски, поречки, западномакедонски и дардански сектор. – Мариовскиот сектор го опфаќа планинскиот венец НиџеКожуф долж македонско-грчката граница. Може да се издвојат повеќе дистрикти: а. Дистрикт на реката Коњарка, со бели борови шуми во субалпски појас; б. Змеичкиот дистрикт со реликтни шуми од црн и бел бор; в. Дудички дистрикт со стари буково-елови шуми; г. Дистрикт Две Уши со реликтни шуми од ас. Цолурно-Острѕетум Царпинифолиае и ас. Фагетум Субмедитерранеум. – Малешевско-осоговскиот сектор се издвојува од другите сектори со широко распространување на ас. Лузуло-Фагетум и со деградирани плоскачеви шуми без цер и без ела. Само локално се среќаваат горунови шуми. Може да се издвои дистриктот Црвена Река со ас. Фаго-Ацеретум хелдреицхии и дистриктот Планеница со шума од Острѕа царпинифолиа. – Стримонскиот сектор ги опфаќа планините Беласица, Огражден, Плачковица и Еленица. Може да се издвојат: а. Беласички дистрикт – со појава на Таџус баццата, Илеџ аљуифолиум, во субалпскиот појас Алнус виридис, Ви-тис идаеа; б. Моноспитовскиот дистрикт се наоѓа околу Моноспитовското Блато. Карактеристична е ас. Пе-риплоцо-Алнетум глутиносае со Осмунда регалис, Платанус ориенталис, Фраџинус паллисае и Стапхилеа пинната; в. Дистрикт Зрновска Река (Уломиа) – со појава на Цорѕлус цолурна, Цастанеа сатива, а широко е распространета и Лузуло фагетум; г. Дистрикт Чам Чифлик (Струмичко) – карактеристична со ас. Цоцциферо-Царпинетум ориенталис и ас. Пинетосум палласианае. – Поречки сектор – ја зафаќа Поречката Котлина и кањонот на реката Треска. Западно од реката се распространети силикатни стени и на нив шуми од плоскач и од питом костен, а источно се распространети карбонатни стени со реликтни шуми од Пинус палласианае, Љуерцус тројанае и Фагус моесиаца. Реката Студенчица – Западномакедонскиот сектор – ги опфаќа Пелагониската, Преспанската и Кичевската Котлина, Дебарца, потоа областите на реката Студенчица и Јама (Бистра). Тоа е зона на Љуерцетум-Фраиннето Церрис, а дабот цер формира појас над плоскачевата зона. – Дардански сектор – карактеристичен со шуми од бука, ела и смрека. Се разликуваат: а. радички дистрикт со појава на ас. Ацери Обтусати-Фагетум Острѕо Љуерцетум пубесцентис, а од одделните видови се значајни Рамондиа сербица и Фраџинус еџцелсиор. б. горновардарски дистрикт со шуми од питом костен и од горун. 3. Арало-касписка регија, сарматска провинција – карактеристична со степска вегетација. Во Македонија можат да се издвојат: – пеонски сектор – во Овче Поле и Тиквеш. Карактеристични со: ас. Астрагало мориниетум, Еуротиетум цератоидес, Епхедро прунетум тенеллае. – десаретски сектор – на Галичица со Стипа медитеранеа. 4. Алпско-високонордиска регија – со тревни заедници и реликтни видови што растат на врвовите на планините во алпскиот појас. Тие припаѓаат на високобалканската провинција. Може да се расчлени на: – корапски сектор со ас. Линарио-Валерианетум Бетисцеи. – шарски сектор: а. Љуботенски дистрикт со ас. Трифолио норици-Царицетум; б. Дистрикт Орловец-Црн Врв со ас. Сиеверсио-Оџѕриетум Дѕгинае, ас. Јасиони Цурвулетум. Се расчленува на: – бистрански сектор со ас. Едраиантхо-Оџѕтропетум. – караџички сектор со ас. Диантхи Јакупицензи-Елинетум и со видовите Рхододендрон мѕртифолиум, Аљуилегиа ауреа. – пелистерски сектор со ас. Диантхи мѕртинервии-Фестуцетум, ас. Мутелино-Царицетум фоетидае и ас. Лино-Сеслериетум. – кајмакчалански сектор со ендемичниот вид Диантхус каимакцаланикус. Р. Р.