ВАСКОВ, Панче Николов

ВАСКОВ, Панче Николов (Велес, 10. Ⅵ 1870 – Велес, 1951) – лекар и револуционер. Дипломирал во Цариград во 1896 г. Лекарската практика ја започнал во Костур, каде што и покрај турскиот Панче Васков терор и грчката пропаганда ги поставил темелите на МРО. Кога го откриле, го осудиле на доживотна робија и го испратиле во Мала Азија. Заради заслугите во здравственото поле, во 1900 г. бил амнестиран и вратен во Велес, каде што ја продолжил лекарската практика. Во илинденскиот период ги снабдувал револуционерните чети со лекови и преврзочен материјал. До пензионирањето (1944), целосно бил ставен во служба на својот народ. П. Б.