ВАРОШЛИЈА, Бранко

ВАРОШЛИЈА, Бранко (с. Барилево, Косово, 1. Ⅰ 1934 – Скопје, 1. Ⅰ 2004) – раскажувач, романсиер, новинар, драмски автор. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како новинар во Радио Скопје, „Нова Македонија” и како драматург во Македонскиот народен театар. Го сместуваат во прозаистите на средната генерација (нејзиното авангардно крило), главно присобрани кон шее-Бранко Варошлија сеттите години на ХХ в. околу списанието „Разгледи” (Димитар Солев, Благоја Иванов, Живко Чинго, Бранко Пендовски, Богомил Ѓузел), чии заложби за вклучување во помодерните текови на литературната уметност се поврзани со внесување на забрзани процеси на надомест во младата македонска литература, која објективно заостанала во многу нешто зад европските стандарди. Во овој нов бран на гласовити прозаисти Бранко Варошлија зазема истакнато место со своите раскази, кои понудија промени и раздвижување на дотогашните потесни тематски и стилско-експресивни рамки на домашната литература. Се воведува, според оценката на поавторитетните македонски критичари, треперење на еден нов сензибилитет, се оперира попретенциозно со интроспекцијата, се преферира психолошката анализа. Како најмлад во поворката на претенциозните јуришници е Бранко Варошлија, носител на непореклива дарба за прозна белетристика. Го привлекува вниманието на читателите со мошне култивиран стил на изразување и со ефикасна и ефектна смисла за брз пробив во внатрешниот живот на современиот човек. Таквите свои книжевни заложби ги илустрира со романите: „Последниот лет на птицата селица” (1969), обрасцов пример на поетскиот роман кај нас, и со збирката раскази „Осамени минувачи” (1975). Г. Т. Ѓорѓи Варошлија