БУЧИМ

БУЧИМ – рудник на бакарна руда (Цу), кој ги зазема северните делови од бучимскиот руден реон. Во геолошката градба на бучимското наоѓалиште учествуваат главно прекамбриски метаморфни карпи (разни типови гнајсеви и амфиболити) и терциерни вулканити (андезити и латито-андезити). Во наоѓалиштето е утврдена бакарна минерализација од порфирски тип, локализирана во 4 рудни тела (Централен дел, Бунарџик, Вршник и Чукар). Посебно треба да се истакнат трите ти-па бакарна минерализација: примарна (Централен дел и Бунарџик), супергена минерализација во оксидационо-цементационата зона (Чукар) и мешовита (Вршник). Содржината на главните рудни метали во просек изнесува: 0,3% Цу, 0,35 г/т Ау, 1 г/т Аг, потоа во рудата се констатирани зголемени содржини на Мо, Се, Пт, Пд, Би и др. Главни рудни минерали се: пирит, халкопирит, енаргит, борнит, ковелин, молибденит, халкозин, и др. ЛИТ.: Ванчо Чифлиганец, Рудишта и појави на бакар во Република Македонија : типови и реонизација, посебен осврт на порфирското рудиште на бакар Бучим, РГФ., Посебно издание бр. 1, Штип, 1993. Т. Сер. БК „Бучим-Јака” од Радовиш