БУРЧЕВСКИ-БУРИДАН, Стојан Јорданов

БУРЧЕВСКИ-БУРИДАН, Стојан Јорданов (Рудник, Велешко, 29. Ⅳ 1920 – мес. Речани, Велешко, 6. Ⅰ 1943) – организатор и учесник во оруженото востание од 1941 г. Бил борец, а потоа и командир на чета во партизанскиот одред „Димитар Влахов“ (1942). Од страна на бугарскиот воен прек суд во Скопје, во декември 1942 г. во отсуство бил осуден на смрт. Загинува пеејќи ја песната на Одредот, заедно со група партизани во судир со бугарската војска и полиција. ЛИТ.: Велес и Велешко во НОВ 1941–1945, Спомен-книга, Т. Велес, 1985; Велешки партизански одред 1942, Скопје, 1999. Ѓ. Малк. Нада Бутникошарева