БРИОНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА

БРИОНСКА ДЕКЛАРАЦИЈА (1991) – декларација за мирно решавање на југословенската криза. Заедничка декларација од состанокот (7. Ⅶ 1991) на членовите на Претседателството, претседателот на Сојузниот извршен со-вет, министрите за надворешни работи и одбрана на СФР Југославија и државни раководители од Словенија и од Хрватска со претставниците на ЕУ (министрите за надворешни работи на Холандија, на Луксембург и на Португалија). Договорен е прекин на вооружените судири (на ЈНА со единиците на територијална одбрана на Словенија) и итни преговори. За сите аспекти на кризата да се преговара без никакви предуслови, врз основа на завршниот документ од Хелсинки и на Париската повелба за нова Европа (човековите права, правото на народите на самоопределување во согласност со Повелбата на ООН и нор-мите на меѓународното право, како и тие што се однесуваат на територијалниот интегритет на државите). Сите страни се согласиле дека за мирно решавање на кризата, доследно треба да се почитуваат принципите: единствено народите на Југославија можат да одлучуваат за својата иднина, според тоа и за државната заедница; ситуацијата во Југославија налага внимателно надгледување и преговори помеѓу сите страни; преговорите да започнат веднаш, најдоцна до 1. Ⅷ 1991 година. Договорени се модалитетите за подготвување на преговорите и Мисијата на меѓународните набљудувачи; нејзиниот мандат и надлежностите биле утврдени со посебни документи – Анекс Ⅰ и Анекс Ⅱ. ЛИТ.: Меѓународна политика, 996&7, Београд, 1991; Балкански уговорни односи, Ⅲ, Београд, 1999. М. Мин.