БРЕГАЛНИЧКО-СТРУМИЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН КОРПУС

БРЕГАЛНИЧКО-СТРУМИЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН КОРПУС (3. Ⅹ–Ⅻ 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Во формацискиот состав влегле 50. и 51. дивизија со придружните единици. Борбените дејства за ослободување на територијата од граничната линија кон Бугарија до реката Вардар и од реката Брегалница до реката Струмица ги започнал на 15. Ⅹ 1944 г. Ги ослободил сите места во Брегалничко-струмичкиот реон: Кочани (22. Ⅹ), Штип (8. XI), Струмица (5. XI) и Валандово (7. XI). По ослободувањето на Струмица, 51. дивизија била испратена на граничното тромеѓе за да го затвори правецот од Грција и Бугарија, а 50. дивизија го продолжила дејствувањето кон Скопје. Во првата половина на декември 1944 г. е расформиран, а борците биле приклучени кон другите единици на НОВ и ПОМ. ЛИТ.: Михаило Апостолски, Завршне операције за ослобоÚење Македоније, Београд, 1953; Зборник докумената и података о народноослободилачком рату југословенских народа. Ⅶ. Борбе у Македонији, Београд, 1954. В. Ст.