БОЈАЏИ, Дики

БОЈАЏИ, Дики (Охрид, 24. Ⅱ – 1939) – пливачки маратонец. Завршил Виша школа за надворешна трговија во Белград (1970) и Виша педагошка школа во Скопје (1975). Бил член на ПВД „Охридски бранови”. Првак на Македонија во 17 дисциплини во пливање на куси патеки, со 8 републички рекорди. Во маратонското пливање освоил први места на реката Сава, 24 км (1959) и на државните првенства на Охридското Езеро (1959, 1963 и 1965). На врвните светски натпреварувања на Охридското Езеро, освоил ед-но второ место (1966) и две трети (1962 и 1965). На маратонот од Капри до Неапол (1960) го освоил првото место и успешно настапувал на него с” до 1967, како и на меѓународните маратони во САД, Канада, Египет и во Сирија. Тој е избран за најдобар спортист на Македонија (1960 и 1961). ЛИТ.: Александар Радич, 50 години „Охридски бранови”, Охрид, 1982; Душан Станимировиќ, Спортски шампиони. Избор на најдобрите во Македонија, 1954–2004, Скопје, 2005. Д. С.