БОШКОСКИ, Борис Крстев

БОШКОСКИ, Борис Крстев (с. Никодин, Прилепско, 26. Ⅹ 1915 – Скопје, 5. Ⅰ 2004) – богослов и филолог, гимн. професор, прв ректор на Макед. правосл. богословија, проф. на Богословскиот ф-т во Скопје. Учел Правосл. богословија во Битола, матурирал во Сараево, Богосл. ф-т студирал во Белград и во Софија. Од 1945 до 1952 г. во Скопје предавал вероучение (Женска гимн.), руски и лат. (во медиц. школи). Од 1952 до 1967 г. предавал макед. ј. во осмогод. училиште „Његош” и „11 Октомври”. Во 1964 г. избран за педагошки советник. Од 1967 до 1977 г. прв ректор и организатор на Макед. правосл. богословија, избран за вонр. проф. на Богосл. ф-т (1977), каде што предавал етика до 1988/9. ДЕЛ: Св. Евангелие (коавтор), (1952), Верата на нашите татковци, (1977, 3 изд., 2001); Филозофски етички системи (1981); Св. Јован шангајски (2001). ЛИТ.: П. Хр. Илиевски, Светол лик во нашиот црковен, просветен и културен живот, „Лит. зб.”, 51, 4-6, 2004, 103–110. П. Хр. Ил. Марко Стојанов Бошнаков БОШНАКОВ, Марко Стојанов