БОЖИНОВСКИ, Здравко

БОЖИНОВСКИ, Здравко (с. Барешани, Битолско, 1. Ⅹ 1940) – лектор, преведувач, фолклорист и историчар. Дипломирал на Филозофскиот факултет – група Книжевност и македонски јазик (1963). Тој е долгогодишен активен член на Македонското научно друштво во Битола (1963), сега Друштво за наука и уметност. Од 1968 г. работи како лектор во Собранието на Општината Битола. Бил на тримесечен студиски престој на Московскиот државен универзитет (1973). Со свои реферати учествувал на петнаесетина научни собири и објавил повеќе научни трудови од областа на македонското народно творештво, македонската историја и препеви од руски. БИБ.: Александар С. Пушкин, Сказни, Скопје, 1967 (препев од руски јазик); Творби. Избор од творештвото на браќата Миладиновци, Скопје 1967; Тука е Македонија. Книга И. (Избор на објавени македонски народни песни од комитскиот циклус), Скопје, 1970 (со коавтор); Во пламенот на вториот Илинден. Воено-политичка монографија на Демир Хисар 1941-1945, Битола, 1988 (со коавтор); Веле Марков. Документарна повест, Битола, 1997 (Скопје, 2002, второ идополнето издание). С. Мл. Киро Божиновски