БОЕВ, Блажо

БОЕВ, Блажо (Кавадарци, 22. Ⅱ 1958) – редовен професор на Рударско-геолошкиот факултет во Штип. Дипломирал на Рударскогеолошкиот факултет во Белград (1980), каде што и магистрирал (1982). По неколку години работа во рудникот ´Ржаново, бил примен како асистент на Рударскогеолошкиот факултет во Штип, каде што докторирал од областа на петрологијата (1988). Бил декан на Факултетот (1993–97). Добитник е на наградата за наука „Гоце Делчев” (2002). Покрај предавањата, неговата научноистражувачка дејност е насочена во областа на петрологијата, изотопната геологија и екологијата, области од кои има публицирано голем број трудови. БИБ.: Б. Боев, Ѕ. Ѕанев, Тертиарѕ магматисм њитхин тхе Р. оф Мацедониа, Ацта Волцанологица, Вол. 13 (1-2, 57-71), 2001; Ѕ. Ѕанев, Б. Боев ет алл, АМС меасуремент оф Ал ин љуартз то ассесс тхе цосмиц раѕ бецкгроунд фор тхе геоцхемицал солар неутрино еџперимент лореџ. Ним Б, 223-224, п.660 – 667, 2002. Н. Дум. Ѓорѓи Боев