БОДУЕН ДЕ-КУРТЕНЕ, Иван

БОДУЕН ДЕ-КУРТЕНЕ, Иван (Јан) Александрович (Баудоуин де Цоуртенаѕ, Иван Александрович) (1. Ⅲ 1845 – 4. XI 1929) – полски и руски лингвист, унив. професор во Русија и во Полска (Петроград, Казањ, Краков и Варшава), основач на Казанската (подоцна Петербуршка) лингвистичка школа и истражувач на јужнословенските дијалекти. Ги истражувал И. А. Бодуен де-Куртене „македонските говори” (од август 1877), кои ги изделил како посебна словенска гранка, а во објавените прилози го користи македонското национално обележје. Негов студент и пријател бил и К. П. Мисирков (1901-1905). БИБ.: Материяли за • жнославянската диалектология и етнография, т. 1-3, 1895– 1913; В„ведение в езикознанието, 5 изд., с. л., 1917. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Крсте П. Мисирков (1874-1926). Прилог кон проучувањето на развитокот на македонската национална мисла, Скопје, 1966, 148, 154-155, 788 и 790; истиот, Крсте П. Мисирков и И. А. Бодуен де Куртене, „Литературен збор”, ⅩⅤⅠ, 6, Скопје, 1969, 8-15; истиот, Димитрија Чуповски (1878-1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград. Прилози кон проучувањето на македонско-руските врски и развитокот на македонската национална свест, Скопје, 1978, 210, 211, 306 и 314; истиот, Придонес за меѓународната афирмација на посебноста на македонскиот јазик. По повод 50-годишнината од смртта на големиот полски лингвист Јан Бодуен де Куртене, „Нова Македонија”, ЏЏЏВ, 11728, Скопје, 16. IX 1979, 9; истиот, Македонскиот народ и македонската нација, 2, Скопје, 1983, 216, 227, 395‡ 406. С. Мл. Блажо Боев