БИТКАТА НА ГОТЕН, МАЛЕШЕВСКО

БИТКАТА НА ГОТЕН, МАЛЕШЕВСКО (6. Ⅳ 1903) – една од најголемите битки пред Илинденското востание во источниот дел од Македонија на здружените че-ти (250–270 комити) на ТМОРО на Христо Чернопеев (за Струмичко), Коста Мазнејков (Радовишко), Делчо Коцов (Кочанско), К. Кондов (Прилепско), Никола Дечев (Велешко), Питу Гули (Крушевско), Ванчо Србакот (Кичевско), Тимо Ангелов (за Тиквешко) и др. со османлиските сили. Се случила на Велигден (6. ИВ) на врвот Готен на Малешевските Планини при неповолни временски услови. На помош на опколените чети се приклучила четата на војводата Никола Лефтеров. Вечерта опколените се извлекле со јуриш. Четите имале 25 мртви, а загубите на османлиска страна биле околу 200 жртви (убиени и ранети). ЛИТ.: Движението отсамъ Вардара и борбата съ върховистите. По спомени на Јане Сандански, Чернйо Пеевъ, Сава Михайловъ, Хр. Куслевъ, Ив. Анастасовъ Гърчето, Петъръ Хр. Аруковъ и Никола Пушкаровъ, София, 1927. В. Ѓ. Македонци, партизани од Костурско