БИСТРИЦА – средновековна нас

БИСТРИЦА – средновековна населба, на ок. 4,5 км североисточно од Богомила. Се спомнува како посед на скопскиот манастир „Св. Георги–Горг“ во грамотите на Константин Асен (ок. 1258) и Милутин (1299/1300). Бистрица му се Коњска патека кон с. Бистрица, Баба Планина подарува на манастирот заедно со нивите, водениците, сенокосите, пасиштата, летовиштата и зимовиштата, кобилите и овците и со сите други права на селото. ЛИТ.: Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија, И, Скопје, 1975. К. Аџ.