БИЛТЕН

БИЛТЕН“ (Битола, почеток на 1942 – почеток на 1943) – илегален орган на Месната организација на КПЈ во Битола. Излегувал на 10–15 дена, на македонски јазик, а бил печатен на техниката (рачна преса) на МК на КПЈ во Битола, во куќата на Томе Димитровски. Уредник бил Стефан Наумов-Стив, а соработници-автори биле и Мирче Ацев, Јордан Михајловски-Оцката и др. Известувал за политичката и воената состојба во светот и кај нас, а бил растуран во градот и во битолските села. Зачувани се само три броја (бр. 19, 20 и 21, ноември-декември 1942). ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 412; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 117. С. Мл.