БЕЧВИ

БЕЧВИ -. машка долна облека, изработена од клашна. По рабовите, како и околу џебовите и цеповите, биле украсувани со црни гајтани, дело на локалните терзии. За разлика од машкото мијачко население што носело бечви изработени од бела клашна, во прилепскиот регион (с. Кривогаштани) тие биле изработувани од подебела клашна (шајак) во темноцрвена боја. Ј. Р. – П.