БАЈРАМ, Ферид Ф

БАЈРАМ, Ферид Ф. (Скопје, 1. Ⅲ 1880 – Скопје, 23. Ⅱ 1965) – просветен деец, општественик и новинар; по националност Турчин. Завршил турска гимназија во Скопје, а потоа бил учител во турското основно училиште во Велес (2. Ⅷ 1902 – 1907), каде што воспоставил врски со македонските социјалисти Илија и Лазар Плавев. Извесно време бил училишен инспектор на Косовскиот вилает во Скопје (1907). Бил припадник на Младотурското движење, еден од основачите на Социјалдемократската организација во Скопје (1909), учесник на основачкиот Газанфер Бајрам, мозаик во Собранието на Република Македонија