БАЈАЛЏИЕВ, Димитар

БАЈАЛЏИЕВ, Димитар (с. Лагунци, Егејскиот дел на Македонија, 1944) – универзитетски професор, правник. Основно образование и гимназија завршил во Гевгелија. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1968), каде што магистрирал (1977) и докторирал, бранејќи ја темата „Моралната основа на категоријата право“ (1985). Избран за асистент по предметот Теорија на државата и правото (1965), а потоа за редовен професор по предметот Вовед во правото (1995). Бил член на Секретаријатот на ЦК на СКМ (1970-1973), министер за образование и физичка култура (1992-1994) и декан на Правниот факултет во Скопје (2000-2004). Објавил поголем број научни трудови и учебници од теоријата на правото и политичките науки. БИБ.: Вовед во право, книга прва – Држава и книга втора – Право, Кочани, 1999; Политологија, Скопје, 2000.ЛИТ.: Правен факултет – Педесет години 1951 – 2001, Скопје, 2001. Св. ш.