БАША, Еќрем (Ељрем Басха) (Дебар, 1948) – поет, прозаист и преведувач. Основното и средното образование ги завршил во родното место. Дипломирал на Групата за албански јазик и книжевност на Приштинскиот универзитет. Еден период работи како новинар и уредник-редактор во „Бота е Ре“ („Нов свет“) и во „Рилиндја“ („Препород“), а потоа во РТВ Приштина. Член е наКАНУ. Пишува поезија, проза, есеи и радиодрами. БИБ.: Опусет е Маестрос (Опусите на Маестро), поезија 1971; Полиптикон (Полиптикон) поезија, 1974; Ѕједет (Ѕвездоморе), поезија, 1977; Атлети и шндшрраве тш бардха (Атлетот на белите сништа), поезија, 1982; Акулл нш земшр (Мраз во срцето), поезија, 1989; Зогу и зи (Црна птица), поезија, 1995; Схштитје ншпшр мјегулл (Прошетка по магла), 1971; Мшнгјеси и нјш пасдитеје (Утрото на ед-но попладне), раскази, 1978. А. П.