БАНКОВ, Никола

БАНКОВ, Никола (с. Белица, Разлошко, 27. Ⅵ 1924 – Равен, Разлошко, 16. Ⅴ 1944) – младински активист и партизан на Разлошкиот партизански одред „Никола Парапунов“. Загинал во борба со жандармеријата и со контрачетниците кај м. Равен на Рила. ЛИТ.: Белица крепост на комунизма в пирински края, Сборник од статии, спомени и очерци, София, 1967; Георги Т. Мадолев, Въоръжената борба в Пиринския края 1941–1944, София, 1966. В. Јот.