АЈАНОВСКИ-ОЧЕ, Вангел

АЈАНОВСКИ-ОЧЕ, Вангел (Воден, 5. Ⅱ 1909 – Скопје, 19. Ⅴ 1996) – припадник на македонското национално движење (НОД) во Егејскиот дел на Македонија. Во периодот меѓу двете светски војни бил член на КПГ, во 1941 г. бил секретар на Реонскиот комитет на КПГ за Воден. Во 1942 г. во Воден ја основал и ја раководел МАО. Во 1945 г. во Воден ја основал и ја раководел ТОМО и бил секретар на Окружниот комитет на НОФ за Воденско. Во 1946– 1949 г. бил организационен секретар на Главниот одбор на НОФ за Егејска Македонија. По 1949 г. живеел и работел во НР Македонија. Автор е на трудот „Егејски бури” (1975). ЛИТ.: Егејска Македонија во НОБ 1948, В, Скопје, 1981 (Редакција д-р Р. Кирјазовски и Ф. Буцкова-Мартинова). Ст. Кис.