АЦЕВСКИ, Илија

АЦЕВСКИ, Илија (с. Сливје, 27. Ⅵ 1952) – универзитетски професор, социолог. Завршил филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје (1975), каде што и докторирал на тема „Распростанетоста на населението во просторот на град Скопје во зависност од некои социо-економски белези“ (1982). Има објавено повеќе книги и учебници од областите на урбаната социологија и транзицијата. БИБ.: Илија Ацевски, Општеството и човекот во транзицијата, Скопје, 2002. ИЗВ.: Филозофски факултет 1920 – 1946 – 2006, Скопје, 2006. Ил. Т.