АТАНАСОВ-БОЖАНИН, Атанас

АТАНАСОВ-БОЖАНИН, Атанас (Петрич, 1921 – Петрич, 10. Ⅴ 1975) – партизан на Петричкиот партизански одред „Андон Попов” и член на Првото, Второто и Третото заседание на АСНОМ. Во својот поздравен говор на Второто заседание на АСНОМ ги пренел желбите на македонскиот народ од Пиринскиот дел на Македонија за обединување во една македонска национална држава. ЛИТ.: Велимир Брезоски – Миле Тодоровски, Политичкиот, националниот и социјалниот состав на народните претставници на Првото заседание на АСНОМ, „Гласник на ИНИ”, Ⅷ/1, Скопје, 1964; АСНОМ. Документи од Првото и Второто заседание на АСНОМ, И, 2, Архив на Македонија, Скопје, 1984. В. Јот.